Претседателот Иванов на ифтир во Скудриње

Jul 27, 2014 by

Претседателот Иванов на ифтир во Скудриње
Претседателот Ѓорѓе Иванов, вечерва во Скудриње присуствуваше на Ифтар, по повод светиот месец Рамазан. На свечениот ифтир присуствуваа Муфтијата од Дебар, сите оџи од нашиот регион, верски лица од манастирот Јован Бигорски, претставници од бизнис секторот и пријатели на локалната самоуправа,

Во присуство на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди, директорот на Националниот парк „Маврово“,Онер Јакуповски и Пратеникот во Собранието на РМ, Алим Билали,Претседателот Иванов во текот на денот ги посети и селата Жировница, Велебрдо, Требиште, Скудриње и Врбен, каде со локалното население поразговара околу актуелните состојби во овој крај.
Претседателот Иванов со општинското раководство и локалното население размени мислења околу севкупниот економски потенцијал на населените места во Општината. Заеднички беше констатирано дека Локалната Самоуправа и Националниот парк „Маврово“ вложуваат голем труд во подобрување на условите за живот преку реализирање на проекти со кој се подобрува инфраструктурата во овој крај, како проекти за развој на туризмот во овој крај.
Во оваа прилика, претседателот Иванов на жителите им го честиташе светиот месец Рамазан, а во пресрет на празникот Рамазан-Бајрам им посака добро здравје и многу успеси.


Истовремено, претседателот Иванов ја искажа својата подготвеност да поддржи иницијативи и предлози што се во функција на натамошен развој на овој крај.
Градоначалникот, Мехмеди му посака срдечно добредојде на претседателот Иванов и на сите присутни на свечениот ифтир, им се заблагодари за нивната присутност честитајќи им ги рамазанските пости и посакувајќи им здравје, успех и благосостојба во нивните домови за престојните Бајрамски празници. 

iv 1 iv4 iv5 iv6 iv7 iv8 iv9 iv10 iv11 iv12 iv15

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3