известување

Jul 24, 2014 by

известување

Во меѓусебна соработка на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди, Командирот на Полициска Станица – Ростуша , Рефик Пајкоски како и претставници од СВР-Тетово (пасошно одделение – Гостивар) а се во интерес на граѓаните како би заштедиле време и пари за да не мора да патуваат до Гостивар поради овие потреби. 
Се известуваат сите граѓани на Општина Маврово и Ростуша дека во деновите 30.07.2014 година (среда) 6 Август (среда) и 14 Август 2014 година (четворток) ке се врши сликање за издавање на лични карти како и за патни исправи – по редовна постапка во просториите на полициската станица во село Ростуше.
Примање на барањата за сликање за лична карта и патни исправи за терминот 30.07.2014 година ке се доставуваат најдоцна до 28.07.2014 година во полициска станица с. Ростуша.
За подетални информации за другите термини од месец август за доставување на барања може да се информирате на телефонскиот број 042 478 003. 

image

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3