известување

Jul 23, 2014 by

известување

За потребите на граѓаните за што подобро и поефикасно функционирање на сообраќајот во населените места низ Нашата Општина по барање на Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Советот на Општина Маврово и Ростуша ја донесе следната :

о д л у к а

 

За времено регулирање на режимот на сообраќајот во
дел од населените места на Општината

Член 1
Во периодот од 25.Јули до 31.Август. за секоја календарска година се спроведува времена промена на режимот на сообраќајот, односно ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА на дел од сообраќајните површини во следните населени места:
1. Во с.Жировница на патот од паркот на споменикот до кафеаната „Бела вода“ во должина од 100м, и тоа ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ПАТОТ, освен за дотур на стока (утоварање и истоварање) и патници, во траење максимум 30 мин. Со поставување на сообраќајни знаци.
Забрана за паркирање на возила на делот од локалниот пат на место викано На незирова“ – локален пат кој води за Мечкар маало. Со поставување на сообраќаен знак.
2. Во с.Требиште ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ од уличката која води према кафеаната „Камел“ до селската Џамија, освен за дотур на стока ( утоварање и истоварање) и патници, во траење опд 30 м. Со поставување на сообраќаен знак. Забрана за истоварање и оставање на градежни материјали на наведениот дел од патот.
3. Во с.Скудриње ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ, од влезот на ТФ „Скутекс“ до селската Џамија, освен за дотур на стока ( утоварање и истоварање) и патници, во траење од 30 м.
Забрана за истоварање и оставање на градежни материјали од стара амбуланта до селската џамија освен на место викано Раскрсница каде со одлука е означено место за истовар на градежни материјали.
4. Во с.Ростуше слободен паркинг за лесни возила на просторот кај спортското игралиште.
Возилата за превоз на патници од приватните фирми кои поседуваат лиценца за превоз на патници ќе се паркираат на паркинг просторот кај споменикот и тоа:
• 3 паркиралишта за комби возила
• 1 паркиралиште за такси превоз
Со поставување на сообраќајна сигнализација.
Се забранува користење на паркинг просторот од страна на превозници кои не поседуваат лиценци.
5. Во с.Велебрдо ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА на улицата од објектот во сопственост на лицето Гигоски Пере до Пред Џамија, во должина од 50 м. Забрана за паркирање на дел од локалниот пат од куќата на Селмани Тасим од раскрсницата према селските гробишта и с.Требиште.

GRB

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3