Заврши 41-тото издание на Галичка свадба

Jul 14, 2014 by

Заврши 41-тото издание на Галичка свадба

Со венчавка на годинашните брачни парови Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарите Ивановска заврши 41-тото издание на Галичка свадба.
Годинава, во двата дена на манифестацијата, присуствуваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и околу три илјади гости од сите краишта на државата како и гости од соседните држави кои имаа можност да видат дел од вековната традиција.
„Догодина нека има уште повеќе, ние да ги подготвуваме. Нека има не само две, туку три, четири и повеќе свадби“, изјави Маргарита Ивановска – невеста.
„Што повеќе да се множат, да имаат многу дечиња, што повеќе да ни се зголемува наталитетот и нацијата“, посакува Стефан Кукоски – младоженец.
„Јас сум израсната со овие адети и ми беше желба да правам Галичка свадба“, вели Ана Гаревска – невеста.
„Се снајдов, ми помагаа многу луѓе, се си беше под контола. Си учев, си читав за Галичката свадба“, раскажува Иван Сариески – младоженец.
И годинава, пред чешмата Упија и низ селските сокаци можеа да се видат раскошните носии, а со звуците на дебарските мајстори на тапанот и зурлата, беа изиграни ората: тешкото, невестинско, свекрвино…
галицник

galicka svadba 1

galicka_svadba

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3