Потпишан меморандум за соработка

Градоначалникот, Мукрем Мехмеди потпиша меморандум за соработка на проект за ”Промоција на родово одговорни политики и буџети во Југоисточна Европа”.
Носител на проектот е UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.
Проектот е дизајниран како регионална иницијатива која опфаќа неколку земји со цел да се овозможи регионална соработка, координација во унапредување на родовата еднаквост како и да се промовира размена на иновативни идеи, практики и знаења поврзани со Родово Одговорно Буџетирање.
Проектот опфаќа две компоненти, втората компонента се однесува на активности на локално ниво во Македонија.
Проектот придонесува кон имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, имплементација на Владината стратегија за родово одговорно буџетирање (2012 – 2017) , национална стратегија за родова еднаквост (2013 – 2016) , локалните стратегии и акциски планови за родова еднаквост како и исполнувањето на обврските за воведување на Родово Одговорно Буџетирање предвидени со буџетскиот циркулар за корисниците на буџетот на централно ниво.