Со богата културно – уметничка програма од страна на учениците од ОУ Јосип Броз Тито од с. Жировница беше одбележан годинешниот патронен празник на училиштето, на чија церемонија присутни беа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Претседателот на Совет, Неџат Исмаили, директори на јавни препријатија, училишта и наши сограѓани од повеќе населени места. Во својот поздравен говор Директорот на Училиштето, Реџеп Реџепоски изрази голема благодарност до Градоначалникот, Мехмеди, Советот на Општината и сите граѓани на с. Жировница за одличната соработка и поддршка што ја даваат на училиштето. А ние како Општина само можеме да им честитаме и заблагодариме за вложениот труд на Директорот и целиот училишен персонал и учениците за постигнатиот успех.

z1 z16 z2 z3 z4 z5