Во Видуше активно се работи на изградба на новата училишна зграда

Apr 11, 2014 by

Во Видуше активно се работи на изградба на новата училишна зграда
Во село Видуше активно се работи на изградба на новата училишна зграда која ќе ги има сите услови за квалитетно одвивање на наставата на нашите деца од ова населено место! 

Градоначалникот Мукрем Мехмеди е цврсто уверен дека училиштето ќе биде изградено до септември, кога и започнува учебната година.viduse skolo 1
Ова е заеднички проект на Градоначалникот и Советот на Општината со што значително ќе бидат подобрени условите за поуспешно образование!
Ова е уште еден доказ дека подеднакво се води сметка за подобрување на условите за настава на сите ученици во сите училишта на територијата на локалната самоуправа.
Директорот на ОУ Јосип Броз Тито, Реџеп Реџепоски изјави дека во соработка со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Советот на Општината инвестициите околу подобрување на условите во образовниот процес за нашите ученици ќе продолжат и во понатамошниот период.
Финансиските срества за реализација на овој проект се обезбедени од сопствени приходи на општината. viduse skolo

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3