Советот ја одржа својата 14″та седница

Mar 31, 2014 by

Советот ја одржа својата 14″та седница
Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 14″ та седница со која претседаваше Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На седницата присутни беа сите советници како и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди. 

На оваа седница беа разгледани неколку предлог одлуки и програми од областа на урбанизмот и просторното планирање на територијата на локалната самоуправа.
Советот на Општината на оваа седница донесе:
1. Менторски акциски план на комисија за родова еднаквост на половите за 2014 година.
2. Програма за уредување на земјиштето на подрачјето на Општина Маврово и Ростуша за 2014 год.
3. Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во соспственост на Р.Македонија на подрачјето на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година
4. Програма за изработка, измена и дополна како и донесување на Деталните Урбанистички Планови, урбанистички планови за село и урбанистички планови за вон населено место на територијата на Општина Маврово и Ростуша за 2014 год.
5. Одлука За утврдување на зони и надоместок по зони за трошок за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Маврово и Ростуша
6. Одлука за одредување на локации за депонирање на цврст градежен отпад во населените места на територијата на општината.
7. Одлука за пристапување кон измена и дополна на дел од Урбанистичкиот план за с.Скудриње.
Исто така се донесе одлука за подпишување на меморандум за меѓугранична соработка со Општина Џинари од Р. Албанија со која заедно треба да реализираме проект искористувајќи срества од Европските фондови наменети за подобрување на инфраструктурата.

sovet

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3