Сите населени места во Општината имаат електрична енергија

Сите населени места во Општина Маврово и Ростуше имаат електрична енергија, а прекините кои се јавуваа вчерашниот ден беа од големите оптоварувања на трафостаниците кои се јавуваат поради двојно зголемената потрошувачка. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, претставници на кризниот штаб на ЕВН, претставник на ЕВН Австрија, раководството на КЕЦ Струга и претседателите на месните заедници на заедничка средба во Дебар се договорија како да се надминат проблемите со електричната енергија додека траат минусните температури.  Имено, главните далекуводи се многу оштетени од снежното невреме и патиштата до нив се непристапни и ЕВН Македонија мораше да изгради привремен 10 кВ далновод за да донесе напојување до трафостаницата која се наоѓа во близина на с.Јанче, од која напон добиваат овие населени места.  Овој далновод на вака ниски температури и двојно зголемена потрошувачка тешко ќе може да ги издржи големите товари, па затоа се апелира до корисниците да внимаваат при користењето на електричната енергија односно рационално да ја користиме електричната енергија во овој период додека не се одстранат сите дефекти на далекуводите кои се оштетени. Ако ова не се испочитува ЕВН Македонија ќе мора да спроведе дополнителни мерки за заштита на мрежата и истовремено обезбедување на корисниците со електрична енергија. Екипите на ЕВН и натаму остануваат на терен да работат на евентуални прекини во...

Read More