два пара на галичката свадба

Само неколку денови не делат од Четириесет и првата по ред Галичка свадба која оваа година ќе започне на 12 јули, со што ќе биде означен почетокот на која за прв пат оваа година на Галичката сведба ќе се венчаат два пара. Во брак ќе стапат брачните парови Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарите Ивановска. Покрај Министерството за култура на Р.Македонија и Општина Маврово и Ростуша е еден од покровителите на оваа традиционална манифестација. Свадабата обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за овој крај од кои повеќето и денес се изведуваат и на другите свадби. Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар. На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото...

Read More